Достапни линкови

Милитант на ИД ја егзекутирал неговата мајка


Милитант на Исламската држава ја егзекутирал јавно неговата мајка во Сирија, бидејќи таа го молела да ја напушти екстремистичката група. Сириската организација за човекови права соопшти дека 20 годишниот Али Сакр ја убил неговата мајка Лина пред стотици луѓе во близина на поштата каде што работела во градот Рака кој е под контрола на Исламската држава. Според организацијата, повеќе од 2000 сириски цивили биле егзекутирани од милитатната група во изминатите 18 месеци.

XS
SM
MD
LG