Достапни линкови

Судири на полицијата и демонстрантите во Атина


Грчката полиција денеска се судри со демонстрантите кои протестираа пред Парламентот во Атина против реформите во социјалната сфера во земјата. Демонстрантите сметаат дека реформите што ги предлага Владата ќе доведат до распад на системот за социјално осигурување во земјата. Тие повикаа и на мерки за намалување на невработеноста и за зајакнување на борбата против работењето на црно и неплаќањето на социјалното осигурување на вработените.

XS
SM
MD
LG