Достапни линкови

Грција предупредува на блокирање на мигрантите


Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас изјави денеска дека е можно десетици илјади мигранти да останат блокирани во неговата земја поради натамошното усложнување на процедурите на границата со Македонија. Тој во интервју за локална телевизија не ја исклучи и можноста на крајот границите да се затворат за сите.

Според него, во моментов 50 отсто од лицата кои во Грција влегуваат од турскиот брег се мигранти, а останатите се бегалци. До пред два месеца, како што наведува, тој сооднос бил 80 отсто бегалци и 20 отсто мигранти.

XS
SM
MD
LG