Достапни линкови

logo-print

Кери: денови до нуклеарниот договор со Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Иран е можеби на неколку денови од исполнувањето на обврските од нуклеарниот договор, по што САД и западните земји би требало да ги суспендираат санкциите врз Техеран. Кери телефонски разговарал со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф кој му рекол дека Техеран имал намера набргу да ги исполни своите обврски. Кери додаде дека и американската администрација е подготвена да го стори истото. Тој го пофали Иран за испораката на скоро сите залихи на збогатен ураниум во минатиот месец и оцени дека со тоа драстично е намален капацитетот на иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG