Достапни линкови

Сириските власти дозволија хуманитарна помош


Протести во сирискиото село Мадаја за барање на хуманитарна помош.

Протести во сирискиото село Мадаја за барање на хуманитарна помош.

ОН соопштија дека сириските власти се согласиле да дозволат испраќање на хуманитарна помош во три села во земјата. Според ОН, помошта во селата ќе пристигне во наредните неколку денови. Од организацијата наведуваат и дека има веродостојни извештаи за луѓе кои умреле од глад во селото Мадаја, кое се наоѓа во близина на границата со Либан.

Мадаја е под контрола на владините сили и нивните сојузници шиитското движење Хезболах од Либан. Другите две села се под контрола на антивладините сили и се наоѓаат во покраината Идлиб.

XS
SM
MD
LG