Достапни линкови

logo-print

Напаѓачот во Париз носел знаме на ИД


Француските безбедносни сили го обезбедуваат местото во близина на нападот.

Француските безбедносни сили го обезбедуваат местото во близина на нападот.

Француското обвинителство соопшти дека ќе отвори истрага за обидот за напад на полициска станица во Париз како акт на тероризам. Според обвинителството, напаѓачот носел листови хартија на кои било прикажано знамето на милитантната група Исламска држава и барање за одговорност напишано на арапски јазик.

Властите претходно соопштија дека мажот кој со нож се обиде да влезе во полициска станица извикувал Алах Акбар и носел лажен самоубиствен бомбашки појас. Тој беше застрелан од полицијата. Инцидентот се случи на годишнината од минатогодишните смртоносни напади на неделникот Шарли Ебдо.

XS
SM
MD
LG