Достапни линкови

Расте бројката на жртви од нападот во Либија


Повредено лице од нападот на полициски тренинг центар во Либија.

Повредено лице од нападот на полициски тренинг центар во Либија.

Властите од Либија соопштија дека најмалку 50 луѓе загинале, а 100 биле повредени во бомбашки напад на полициски тренинг центар во западниот град Злитен. Нападот бил извршен со камион бомба, а во тренинг центарот се наоѓале стотици регрути. Се уште никој не презема одговорност за нападот, но се претпоставува дека го извршиле борци лојални на милитантната група Исламска држава. Претставникот на ОН во Либија, Мартин Коблер го осуди нападот и повика на национално единство.

XS
SM
MD
LG