Достапни линкови

Црквата ја поддржа руската кампања во Сирија


Патријархот Кирил.

Патријархот Кирил.

Предводникот на руската православна црква патријархот Кирил денеска ја поддржа воздушната кампања на земјата во Сирија и ја опиша како одбранбена војна. Тој истакна дека воздушните напади во Сирија се неопходни за заштита на Русија од тероризмот. Според него, доколку на терористичките групи им се дозволи да добијат моќ во Сирија, тогаш тие веројатно ќе му донесат беда и страдање на рускиот народ.

XS
SM
MD
LG