Достапни линкови

Вучиќ: односите со Косово мора да бидат нормализирани


Вучиќ: односите со Косово мора да бидат нормализирани
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Вучиќ: односите со Косово мора да бидат нормализирани

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Белград мора да ги реши споровите со Косово, но не поради притисокот од Европската унија. „Ние тоа мора да го направиме за да живееме подобро еден до друг“, изјави тој во интервјуто со Сабина Чабаравдиќ од Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Вучиќ изјави дека Србија се подготвувала на тешки разговори кои на 27 јануари треба да почнат во Брисел и оти добите соседски односи се од интерес и за србите и за Албанците на Косово.

„Знам дека не очекуваат тешки разговори, исти какви што имавме, можеби и потешки. И кој да биде во владата ќе мора да го прави тоа, не заради тоа што го тера Европската унија, туку затоа што тоа е наш живот затоа што мора да живееме едни покрај други“, изјави тој.

Според него, на претстојните преговори во Брисел главно е етаблирање на безбедноста на србите на Косово, гарантирање на економскиот прогрес и решавање на постојните проблеми меѓу србите и косовската влада.

„Без оглед дали нешто ќе донесеме, без оглед дали нешто ќе заклучиме на 27 јануари или за некоја нова спогодба ќе ни бидат потребни месец, два, три или четири, сигурен сум дека тоа е единствениот можен пат“, изјави Вучиќ.

Европската унија соопшти дека целосната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е неопходна пред Србија да и се приклучи на Унијата.

Знам дека не очекуваат тешки разговори, исти какви што имавме, можеби и потешки. И кој да биде во владата ќе мора да го прави тоа, не заради тоа што го тера Европската унија, туку затоа што тоа е наш живот затоа што мора да живееме едни покрај други.
Александар Вучиќ, премиер на Србија

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, српскиот премиер Александар Вучиќ ги отфрли обвинувањата дека Србија постојано се обидува да балансира меѓу Русија и Западот.

Тој наведе дека иако Белград има „традиционално добри“ односи со Москва и постојано сака да ги унапредува, приклучувањето кон Европската унија е врвен приоритет.

„Ние имаме цврста политика, а таа цврста политика значи дека наша стратегиска цел е влегување во Европската унија. Тоа е приоритетна цел на надворешната политика на владата на Србија“, изјави тој додавајќи дека никогаш Србија не криела имала добри односи со Москва.

Вучиќ вели дека Србија не е загрижена за тоа што продолжува да прима природен гас од гасоводот преку Украина и оти би сакал Брисел да му објасни на Белград кои се негативните и позитивните причини за реализирање или за нереализирање на Јужниот и на Северниот тек со кои Русија ја заобиколува Украина во снабдување на Европа со гас.

„Ако не може Јужен тек со кој Србија би имала две милијарди кубни метри гас за себе, а може Северен тек, тогаш тоа некој ќе мора да ни го објасни, вели Вучиќ.

Гасоводот Јужен тек кој според рускиот план, требаше да минува низ Србија беше откажан откако Европската унија не го поддржа. Германија, која има големо влијание во Европската унија, се залага за завршување на проектот Северен тек, за кој во моментов се води жестока дебата во Брисел.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG