Достапни линкови

logo-print

Обама: ќе ги браниме Јапонија и Јужна Кореа


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ја повтори заложбата на САД за одбрана на Јапонија и Јужна Кореа и вети дека ќе преземе силна акција против Северна Кореа поради новата нуклеарна проба. Во телефонските разговори со лидерите на овие две земји, Обама се согласил дека сојузниците мора заедно да работат врз меѓународниот одговор на последниот потег на Пјонгјанг. По нуклеарната проба што Северна Кореа ја изврши во 2013 година Вашингтон испрати во Јужна Кореа „стелт“ бомбардери кои можат да носат ракети со нуклеарни боеви глави.

XS
SM
MD
LG