Достапни линкови

Метеж на берзите по девалвацијата на кинескиот јуан


Кина повторно го девалвира јуанот со што предизвика нови превирања на светските берзи. Тоа пак ги зголеми страхувањата на инвеститорите дека Кина почнала нова трговска војна. Тргувањето на кинеските берзи е суспендирано по втор пат во текот на оваа недела, а индексите паднале за над 7 степени. Народната банка на Кина повторно ги изненади пазарите со тоа што ја намали вредноста на јуанот на најниско ниво од март 2011 година. Тоа предизвика пад и австралискиот долар и може да доведе до девалвација на некои други азиски национални валути.

XS
SM
MD
LG