Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно и посвежо


Во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер, a во јужниот дел од земјава повремено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од два до 12 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер. Температурата ќе достигне до шест степени.

XS
SM
MD
LG