Достапни линкови

logo-print

НАТО и САД: не сме закана за Русија


НАТО и САД демантираат дека проширувањето на Алијансата кон источна Европа и зајакнатата активност таму претставуваат некаква закана за Русија како што оценува Москва во новата безбедносна доктрина. „категорично ги демантираме неоснованите тврдења дека НАТО и нејзината политика претставуваат безбедносна закана за Москва“, изјави портпаролот на НАТО Оана Лунгеску. Таа додаде дека НАТО се уште ја проучува новата доктрина што во минатата недела ја потпиша претседателот Владимир Путин. Во неа се обвинува Алијансата дека го крши меѓународното право и ја доближува својата воена инфраструктура во близина на руските граници.

XS
SM
MD
LG