Достапни линкови

logo-print

Убиен американски војник во Авганистан


Американската војска соопшти дека еден нејзин припадник загинал, а двајца биле повредени во јужен Авганистан. Врз силите бил отворен оган за време на нивната операција во близина на градот Марја во покраината Хелманд каде талибанците неодамна остварија напредок во офанзивата. Неколку припадници на авганистанската војска исто така биле повредени. Според властите, воениот хеликоптер кој требал да изврши евакуација на местото на нападот бил приземјен откако во близина експлодирал проектил.

XS
SM
MD
LG