Достапни линкови

Намалување на територијата на ИД во Ирак и Сирија


Меѓународната коалиција предводена од САД соопшти дека територијата на милитантната група Исламска држава се намалила за 40 проценти во Сирија и за 20 отсто во Ирак. Во 2014 милитантната група ја презема контролата врз третина од територијата на Ирак со освојувањето на најголемиот град на северот Мосул.

Контра офанзивата од ирачките и курдските вооружени сили поддржани од меѓународната коалиција и шиитската милитија ја принуди милитантната група да напушти неколку градови меѓу кои Тикрит и Рамади. Во Сирија Исламската држава се бори со војската на претседателот Башар ал Асад и други бунтовнички групи, како и со воздушните напади од САД и Русија.

XS
SM
MD
LG