Достапни линкови

Русија ги нарушила правата на антивладин активист


Илустрација

Илустрација

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда дека руските власти ги прекршиле правата на активист кој учествувал во продемократските протести во земјата. Според пресудата, властите не биле праведни спрема Јевгениј Фрумкин кој беше притворен 15 дена во 2012 година, бидејќи не ги послушал наредбите на полицијата.

Фрумкин учествуваше во протестите против претседателот Владимир Путин кои станаа насилни по судирите на демонстрантите со полицијата. Судот истакна дека Фрумкин поминал една ноќ во притвор без да биде обвинет и рускиот суд одбил да ги објасни причините за неговото апсење.

XS
SM
MD
LG