Достапни линкови

Индија бара мерки од Пакистан за нападот на воздушна база


Индискиот премиер Нарендра Моди

Индискиот премиер Нарендра Моди

Индискиот премиер Нарендра Моди го повика неговиот пакистански колега Наваз Шариф да преземе цврсти и итни мерки против организаторите на нападот на индиската воздушна база. Седум индиски војници загинаа во нападот. Индискиот министер за одбрана Манохар Парикар изјави денеска дека шест напаѓачи биле убиени и оти во тек е операцијата за пронаоѓање на евентуално останати милитанти во базата.

XS
SM
MD
LG