Достапни линкови

Пад на берзите низ светот


Берзите низ светот ја започнаа новата година со драматичен пад предизвикан од стравовите за забавување на економскиот раст на Кина и од тензиите меѓу нафтените гиганти Иран и Саудиска Арабија. По падот на акциите од 7 проценти во Шангај, беше забележан пад и од 4,3 проценти во Франкфурт, 3,2 во Милано, 2,5 во Париз и 2,4 проценти во Лондон. На Вол Стрит беше забележан пад од 1,5 проценти како резултат на опаѓање на производствените активности во Кина и САД и сомнежите за јачината на економскиот раст на двете земји.

XS
SM
MD
LG