Достапни линкови

Граѓаните будно го надгледуваат спроведувањето на „Пржино“


Граѓаните се револтирани од партиите и бараат да видат дека нешто се случува, бараат промена, особено по Договорот од Пржино, вели граѓанскиот активист Никола Писарев.

Во ситуација на политичка криза и доцнење во исполнување на обврските од договорот од Пржино, дел од граѓанските активисти велат дека треба да им се остави простор на политичките субјекти да го реализираат договореното. Сепак тие посочуваат дека граѓаните будно ја следат состојбата.

Буквално граѓаните се револтирани од партиите и бараат да видат дека нешто се случува, бараат промена, особено по Договорот од Пржино. Тука ние го гледаме просторот за граѓански активизам, односно за искажување појавно на ставовите на граѓаните.

Никола Писарев кој со активисти од 70 невладини организации во ноември излегоа на терен низ повеќе градови, вели дека луѓето се повидливо бараат промена на разбирањето на политиката воопшто и на поимот власт.

„Буквално граѓаните се револтирани од партиите и бараат да видат дека нешто се случува, бараат промена, особено по Договорот од Пржино. Тука ние го гледаме просторот за граѓански активизам, односно за искажување појавно на ставовите на граѓаните“, вели Писарев.

Писарев вели дека сега се очекува она што е договорено со Договорот од Пржино да се ефектуира. Но иако имаме техничка влада и политички избраници кои треба да ги решаваат проблемите, јавноста и натаму е сведок дека се уште константно им се прават работи зад грб на луѓето. Кон крајот на годината се направи упад врз автономијата на Универзитетот со тоа што се прават нови згради во комплексот на факултетите. Тоа беше причина студентите да се кренат на нозе, но изостана масовно изразување на револтот како што тоа беше случај со протестите како за екстерното тестирање пред извесно време.

Од Професорскиот пленум велат дека луѓето во Македонија се освестуваат и дека мора да бараат одговори од власта и од институциите за сė што се прави.

„Да не заборавиме дека година и нешто помина од масовните протести. Тие масовни протести не се случија веднаш. Ние очекувавме да излезе бројката од 10 илјади и ние бевме фасцинирани од неа, но тоа беше процес на освестување. Сите овие нешта се процес на освестување“, вели професорката Маја Стевановиќ.

Тема која ги засега сите е загаденоста на воздухот, што во некои градови во одредени денови е неколкупати поголема од максимално дозволеното. Големо граѓанско активирање за оваа тема имаше во Тетово каде на улица излегоа од пет до 10 илјади луѓе. Ана Чоловиќ од невладината Еко свест вели дека граѓаните освен што пишуваат за овој проблем на социјалните мрежи, треба да го изразуваат своето незадоволство и да други места се додека не се најде решение.

„Се соочуваме со еден интересен проблем на пасивна активност. Твитер и Фејсбук се преплавени со дискусии за загадувањето со предлог мерки. Значи граѓаните имаат желба да земаат активно учество. Е сега мислам дека исто прашање е и на промена на свеста. Треба да почнете од себе и самите да направите промени. Ако ништо друга кога одите пешки да си ставите маска за да не го дишеме ова што е околу нас“, вели Чоловиќ.

Писарев вели дека протестите против загадувањето на воздухот покажуваат дека граѓаните повеќе не се во зимски сон и во апатија и оти не мислат дека не може да ги променат работите. Според него, по минатогодишните протести и по повторно воспоставениот политички дијалог сега јавноста е во период кога се очекува и партиите да ја преземат одговорноста за она што е договорено.

„Не можам да се сложам дека по средношколските и студентските протести ништо не се случило. Се случи 5 мај, па 17 мај, па потоа дојде до договорот од Пржино и извештајот на Прибе во кој се она што го говореше активното граѓанство е содржано. За темите кои се дел од политичкиот дијалог во моментот граѓаните ја оставиле топката на оние што се нафатиле да го работат тоа, па да видиме до каде ќе стигне“, вели Писарев.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG