Достапни линкови

Тројца босански муслимани уапсени за воени злосторства


Босанската државна агенција за истрага и безбедност СИПА уапсила во Тузла тројца босански муслимани под обвинение за воени злосторства против српски цивили во регионот на Сребреница во 1992 година, соопшти обвинителството на Босна и Херцеговина. Уапсените Изет Арифовиќ, Ариф Салиховиќ и Суад Смаиловиќ се обвинети дека како членови на армијата на БиХ на 12 јули 1992 година убиле десет српски цивили при напад врз едно село во регионот на Сребреница. По војната ексхумирани се остатоците на некои од жртвите, а потрагата по останатите се уште трае.

XS
SM
MD
LG