Достапни линкови

Кавги околу доменот „Збогум Никола“


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски денеска ја обвини власта на премиерот Никола Груевски за злоупотреба на институциите, бидејќи преку МАРнет - Македонската академска истражувачка мрежа бил направен обид да се спречи регистрацијата на интернет страницата “Збогум Никола”. СДСМ на 10 декември, како што информира тој поднел барање за регистрација на страницата по што добиле потврда дека доменот е купен. Според него, откако СДСМ веќе го купила називот на страницата потоа Марнет го регистрирале на лицето Новаков, земјоделец од населба Речани.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа денеска дека СДСМ во очај повторно лаже и ја манипулира јавноста. Од партијата наведуваат дека не се на никаков начин поврзани со неуспехот на СДСМ да регистрира една веб-страница. Судејќи според приоритетите на СДСМ, како што наведуваат од ВМРО ДПМНЕ, црно им се пишува во април и наместо да покажат резултат во презентирање идеи и програма, тие покажуваат нула на тоа поле. Наместо тоа, според партијата, од СДСМ се бават со регистрација на веб-домени, но, како што наведуваат од ВМРО ДПМНЕ и таму не се успешни и таму бележат нула.

XS
SM
MD
LG