Достапни линкови

logo-print

Кредити за наплата на заостанати придонеси


Јавното претпријатие кое стопанисува со водоводот во Дебар ќе земе кредит за да ги плати придонесите за пензиско и за здравствено осигурување на своите вработени. Тие во изминатие 12 години земале плата, но придонесите не им биле плаќани. Сега претпријатието ќе земе кредит од 800 илјади евра.

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со регионалниот водовод Росоки–Дебар, а е основано од страна на Општина Дебар, цели 12 години не се наплатени придонесите за пензиско и за здравствено осигурување и покрај тоа што платите се давани редовно. Со цел да се надмине големиот проблем што вработените го имаат, претпријатието побараат решавање на проблемот со добивање на кредит за наплата на долговите кон двата фондови, а истото го стори и Советот на Општина Дебар, кој даде зелено светло за барање на кредит од банките за наплата на над 800 илјади евра долгови кон Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Фатмир Алили, технички директор на Стандард.

Фатмир Алили, технички директор на Стандард.

„Познато е дека придонесите не се платени 12 години. Подготвивме програма за сервисирање на долговите за придонеси од 2002 до 2014 година, бидејќи во 2015 година придонесите се наплатувани заедно со платите. За решавање на овој голем проблем на едно јавно претпријатие е разговарано во локалната власт, но и во Владата. Решението е во кредитот. Според законските решенија во Република Македонија сега има можност да се платат целосно долговите за придонеси што ги имаме кон двата фондови и да се ослободиме од каматите, тоа е добро и веруваме дека ќе го оствариме“, објаснува техничкиот директор на ЈКП „Стандард“ Фатмир Алили.

Според него, управата на оваа јавно претпријатие увидела дека нема друг излез за да се надмине големиот проблем што го чувствуваат работниците, меѓу кои и работници кои сега се на пензија, а не го искористиле своето право во однос на висината на пензијата, но и се друго што на нив им следело со реализација на самиот работен однос.

„Вистина е дека има работници кои заминаа во пензија без да им бидат наплатени нивните придонеси. Но велам дека во Програмата за наплата на заостанатите придонеси се вклучени и тие. Тие кои заминале исто така ќе добијат сė онаа што им следи како висина во пензиите“, вели Алили.

Многу скоро се очекува, според претставниците на оваа јавно претпријатие, кредитот да биде одобрен, но од друга страна Советот на Општина Дебар во расправата за состојбите во оваа претпријатие побара и итни мерки за подобро управување со претпријатието од страна на управата. Неопходно е да се соберат големите долгови што фирмите и семејствата ги имаат кон „Стандард“, кои изнесуваат над еден милион евра, беше нагласено на седницата.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG