Достапни линкови

Британија со истрага за видео на ИД


Британските безбедносни сили соопштија дека истражуваат видео на милитантната група Исламска држава во кое се закануваат за спроведување терористички напади против земјата. Тие се во потрага по индиции за идентитетот на маскираниот маж кој зборува со британски акцент во видеото пред да застрела едно лице во главата кое наводно било британски шпион.

Маскираниот милитант најавува дека Исламската држава наскоро ќе ја нападне Британија. Убиството на четири други лица кои биле обвинети дека се шпиони за Британија и кои биле застрелани од други милитанти исто така е прикажано на видеото, кое вчера беше објавено на интернет.

XS
SM
MD
LG