Достапни линкови

Шведска со контрола на бегалците


Шведска започна со спроведување на фото проверки на границата со Данска со цел да се спречи масовниот прилив на бегалците од Авганистан, Ирак и Сирија. Проверките се извршуваат во сите возови, автобуси и траекти на патниците кои патуваат од Данска за Шведска. Шведска прими околу 160 илјади баратели на азил во минатата година, најмногу во ЕУ по Германија. Шведските власти соопштија дека не може повеќе да се справи со нерегулираниот прилив на бегалци во земјата. По неколку часа откако Шведска ја заостри контролата слични мерки започна да спроведува и Данска за бегалците кои доаѓаат од Германија.

XS
SM
MD
LG