Достапни линкови

БиХ ќе аплицира за членство во ЕУ


Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак порача денеска дека земјата ќе аплицира за членство во ЕУ во првите месеци од годинава. Според него, барањето за членство ќе биде поднесено за време на холандското претседавање со ЕУ. Тој истакна и дека БиХ мора да напредува во спроведувањето на реформската агенда на која државата се обврзала и да го заврши прилагодувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, откако Хрватска стана полноправна членка на ЕУ.

XS
SM
MD
LG