Достапни линкови

Упасени 42 лица во Пакистан поврзани со ИД


Пакистанскиот министер за правда Рана Санаулах изјави денеска дека локалните власти од покраината Пунџаб уапсиле 42 лица кои се осомничени дека имаат врски со милитантната група Исламска држава. Според него, апсењата биле спроведени изминатиот викенд низ неколку градови во покраината како резултат на докази собрани за време на рациите при крајот на декември. Во рациите на 29 декември беа уапсени осум лица поврзани со милитантната група кои планирале да воспостават терористичка мрежа и да спроведат напади во Пакистан.

XS
SM
MD
LG