Достапни линкови

Нападнат индиски конзулат во Авганистан


Престрелката меѓу безбедносните сили и вооружени лица околу индискиот конзулат во авганистанскиот град Мазар и Шариф продолжила и денеска. Две силни експлозии беа регистрирани вчера, кога непознати лица почнаа напад врз комплексот. Претставник на регионалните власти соопшти дека нападот бил одбиен и оти вооружените лица се наоѓаат во една куќа од другата страна на улицата.

Во нападот еден цивил бил повреден, но засега нема повеќе информации за евентуални жртви или штети, како и за бројот на напаѓачите. Сеуште никој не ја презел одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG