Достапни линкови

Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран


Знамињата на Саудиска Арабија и Иран

Знамињата на Саудиска Арабија и Иран

Саудиска Арабија соопшти дека ги прекинува дипломатските односи со Иран, по последното зголемување на тензиите откако официјален Ријад го егзекутираше опозицискиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр, што предизвика бесни демонстранти да упаднат во саудиската амбасада во Техеран. Ова го соопшти вчера министерот за надворешни работи Адел ал Џубеир, додавајќи дека сите ирански дипломати мора да ја напуштат Саудиска Арабија во рок од 48 часа.

Потегот следува по големото заострување на реториката меѓу Ријад и Техеран, со предупредувањето на иранскиот врховен водач за „божја одмазда“ поради погубувањето на свештеникот. Потоа следуваа протести пред саудиската амбасада во Техеран, кога демонстранти влегоа во зградата и подметнаа пожар.

XS
SM
MD
LG