Достапни линкови

Балканот завеан во снег


!!PLEASE WRITE A CAPTION IN ENGLISH!! снег в Ромите

!!PLEASE WRITE A CAPTION IN ENGLISH!! снег в Ромите

Државите од регионот изутринава беа заглавени во снег, кој поради силниот ветер формира наноси,но патиштата се проодни, иако сообраќајот се одвива забавено. Во Србија снег има на речиси цела патна мрежа.Поради влажните коловози и појавата на ниски температури во утринските и вечерните часови можно е замрзнување на патиштата.

Во Хрватска снегот паѓа од вчера, а се очекува дека ќе паѓа и во текот на целиот денешен ден.

Северниот и централниот дел на Јадранот е зафатен со силна бура.Температурата се движи од минус седум до минус два степени на северниот Јадран, од нула од пет на централниот и од шест до 12 во јужниот дел.

Со снег се затрупани неколку хрватски градови, а дебел слој ги покри и Карловац и Осијек.

Во Сараево од изутрината паѓа снег, а сите надлежни екипи се на терен и работат на расчиствување на сообраќајниците. Според прогнозите денеска се очекуваат околу десет сантимери снег.

XS
SM
MD
LG