Достапни линкови

Турската крајбрежна стража спасила 57 мигранти


Турската крајбрежна стража спаси 57 лица, кои при обид да стигнат во Грција останале блокирани на мал егејски остров.

Хеликоптери евакуирале 12 лица, меѓу кои три деца од островче покрај градот Диокили на турското крајбрежје, во округот Измир.

Мали рибарски чамци помогнале во спасувањето на останатите, бидејќи бродовите на крајбрежната стража не можеле да пловат во карпестиот регион.

Нема информации за евентуално настрадани или за националноста на спасените мигранти

XS
SM
MD
LG