Достапни линкови

logo-print

Нападнат доктор во болница во Тетово


Дежурен доктор во Детското одделение во Клиничката болница - Тетово физички е нападнат вчера во 15.20 часот од 25-годишниот Н.С. од село Шемшово кој заедно со две непознати жени и едно малолетно дете влегле во ординацијата за укажување лекарска помош за детето.

Министерството за внатрешни работи информира дека лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко одделение и побарал да му донесат упат, лицето му се нафрлило и физички го нападнал, а потоа почнал со рацете да удира по работното биро, компјутерот и другите предмети кои ги расфрлал на подот за што лекарот преку дежурната сестра побарал да биде повикано обезбедувањето. Откако таа се обидела да го повика обезбедувањето, лицето и нејзе физички ја нападнал по што го напуштил местото на настанот.

По превземени мерки бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за Н.С.(25) од село Шемшово. СВР-Тетово работи на целосно расчистување на случајот

XS
SM
MD
LG