Достапни линкови

Снегот продолжува да паѓа, возете внимателно


Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово.

Врнежи со појак интензитет има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп и Стража.

На коловозот наместа има остатоци од снег по интервенцијата на екипите од ЈП Македонија пат.

АМСМ препорачува внимателно возење на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На граничниот премин Деве Баир се чека околу 15 мин за излез од државата, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините

XS
SM
MD
LG