Достапни линкови

Бунт на нелегални мигранти во Грција


Група нелегални мигранти кренаа синоќа бунт во центар за привремено сместување во грчкиот град Коринт.

Околу 30 лица, сместени во стар воен камп во Коринт, почнале да го изразуваат своето незадоволство од условите во прифатните центри и против можноста да бидат депортирани.

Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон обезбедувањето, да ја оштетуваат зградата и да палат душеци. Бунтот бил задушен за кусо време.

Според грчките медиуми во инцидентот нема настрадани, но е причинета материјална штета

XS
SM
MD
LG