Достапни линкови

logo-print

Куманово-Експлозија од пиротехничко сретство


Утрово, околу 4 часот во Куманово се случи експлозија од пиротехничко средство, кое што засега непознат сторител го фрлил во близина на шахта на булеварот „Октомвриска револуција„ соопштија денеска од СВР Куманово.

Нема повредени лица, но причинета е материјална штета на шахтата сопственост на ЈП „Куманово-Гас„.

Увидна екипа на полицијата и стручни лица од одделот за антитеротизам од МВР и јавен обвинител од ОЈО Куманово, констатирале дека ескплозијата настанала на приземниот дел на бетонската шахта од дистрибутивниот гасовод.

Непознат сторител, фрлил пиротехничко средство во близина на шахтата и при испуштање на дозволена количина гас од шахтата дошло до експлозијата..Од Јавното обвинителство констатирале дека се работи за кривично дело - Предизвикување општа опасност.

СВР Куманово работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

XS
SM
MD
LG