Достапни линкови

logo-print

САД им дава предност на дипломатските мерки за Иран


Белата куќа соопшти дека треба да се направат повеќе дипломатски обиди пред да се објават било какви санкции како одговор на лансирањето на балистички проектили од Иран. Администрацијата на претседателот Барак Обама ја разгледува можноста за голем број на дополнителни санкции во врска со програмата на Иран за балистички ракети. Некои законодавци ја критикуваа администрацијата за она што тие го опишуваат како задоцнети казнени мерки како одговор на неодамнешното иранско ракетно тестирање. Бен Роудс, заменик-советник за национална безбедност, изјави дека САД и петте други сили во светот преговара со Иран минатата година за да се спречи развивањето на нуклеарно оружје но оти тоа нема да ги попречи идните санкции. Родос зборуваше во Хаваи каде Обама го завршуваше својот Божиќенодмор.

XS
SM
MD
LG