Достапни линкови

Украина ќе забрани увоз на храна од Русија


Украина соопшти дека ќе забрани увоз на прехранбени производи од Русија од 10. јануари, како одговор на слична забрана од Москва. Санкциите, објавени на владината веб-страница на Украина, вклучуваат забрана на увоз на месо, риба и млечни производи, како и зеленчук и овошје. Слична забрана од Русија стапи на сила на 1 јануари. До ова доаѓа во пресрет на одлуката на Украина да го имплементира договорот за Слободна трговија со Европската Унија на што Русија се противи. Руски официјални лица изјавија дека забраната за увоз на храна од Украина е неопходна за да се заштити внатрешниот пазар, тврдејќи дека европските производи во Русија би можело да стигнат преку Украина без плаќање на увозни давачки. Првиот обид за финализирање на договорот не успеа во 2013 година, и тоа предизвика протести во Киев, кои доведоа до соборување на про-рускиот претседател на Украина.

XS
SM
MD
LG