Достапни линкови

logo-print

Иран:Саудиска Арабија ќе се соочи со божја одмазда


Иранскиот лидер Ајатолахот Камнеи ја предупреди Саудиска Арабија за "божја одмазда" поради егзекутирањето на опозицискиот Шиитски свештеник, а Ријад го обвини Техеран за поддршка на тероризмот.По ескалацијата на критиките поради егзекутирањето демонстрантите ја каменуваа амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран. Саудиска Арабија вчера го егзекутираше шеикот Ал Нимр Нимр, заедно со 46 други лица, меѓу кои и тројца други шиитски дисиденти и неколку милитанти на Ал каеда. Тврдокорните демонстранти одговорија во текот на ноќта во Техеран со каменување на амбасадатa на Саудиска арабија во главниот ирански град, со подметнување на пожари и фрлање предмети од покривот. Иранските власти соопштија дека 40 демонстранти се уапсени, но опозициските политичари повикаа денеска да се одржат нови протести пред амбасадата.

XS
SM
MD
LG