Достапни линкови

Самоубиствен напад во популарен ресторан во Могадишу


Бомбаш-самоубиец денеска изврши напад во еден популарен ресторан во главниот град на Сомалија, Могадишу, при што загинаа најмалку три лица. Напаѓачот, облечен во бизнис костим над самоубиствениот елек, ја активирал бомбата по влегувањето во ресторанот, кој се наоѓал недалеку од претседателската палата, соопшти полицијата. Ресторанот Село е многу популарен меѓу владините претставници, локалните новинари, бизнисмени и обични цивили. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, досега има извршено бројни самоубиствени напади низ земјата.

XS
SM
MD
LG