Достапни линкови

logo-print

Во Франција за новогодишната ноќ запалени над 800 автомобили


Според бројките од Министерството за внатрешни работи за време на новогодишната ноќ во Франција биле опожарени 804 автомобили, што претставува 14,5 проценти помалку во споредба со минатата година. Ова е резултат на зголемената мобилизација на силите на редот по терористичките напади во ноември и во јануари мината година.

Намалувањето на опожарените автомобили не беше пропратено со намалување на насилството. Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев изјави дека биле упасени 622 лица, од кои 368 останале во притвор. Минатата година беа уапсени 308 лица.

Над 100.000 припадници на полицијата и жандармеријата се грижеа за безбедноста, а само во парискиот регион имаше 11.000 односно, 2.000 полицајци повеќе од лани.

Во Франција за новогодишната ноќ во предградијата се палат возила, „традиција“ која најпрво беше практикувана во Стразбур и која последните години се прошири низ цела Франција.

XS
SM
MD
LG