Достапни линкови

Во Јемен завршува прекинот на огнот



Саудиската коалицијата која во Јемен ги бомбардира бунтовниците што се подржани од Иран, денеска прогласи прекин на огнот што беше на сила од минатиот месец. Прекинот на огнот се заврши поради континуираните напади на бунтовниците, вклучувајќи и напади со балистички проектили и бомбардирања,соопштија официјални претставници на коалицијата.Прекинот на огнот беше објавен на 15 декември, но беше повреден на дневна основа од двете страни. Во Јемен девет месеци има борби меѓу провладините борци и шиитските бунтовници. Во судирите загинаа речиси 6.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG