Достапни линкови

На први јануари во Албанија 7 жртви


Во првиот ден од Новата година во Албанија регистирани се дури седум жртви, поради што албанските медиуми го нарекоа крвав први јануари.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, пет луѓе животот го загубиле во сообрќајни несреќи во кои повредени се уште најмалку четири лица.

Првиот ден од годината регистриран е и првиот случај на семејно насилство со смртни последици. Во приморскиот град Саранда сопруг си ја убил сопругата, потоа се самоубил.

XS
SM
MD
LG