Достапни линкови

Притвор за тројца српски државјани по убиството во Охрид


Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.У. од Краљево поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Истовремено, против 26-годишниот М.П. и 25-годишниот Ѓ.П, исто така од Краљево, е поднесена кривична пријава засторено кривично дело „помагање“.

На тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Според првичната истрага на полицијата, на 1 јануари околу 2 часот во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, настанала жестока вербална расправија меѓу две групи во кои од една страна бил сега починатиот Димитар М.(27) со двајца негови пријатели од Охрид, а од другата страна српските државјани од Краљево. Вербалната расправија со меѓусебна турканица се случила внатре во објектот „Табана“, каде имало организирана прослава за дочекот на Новата година.

XS
SM
MD
LG