Достапни линкови

Иран ја обвини Саудиска Арабија за поддршка на тероризмот


Иран ја обвини Саудиска Арабија за поддржување на тероризмот откако Саудиска Арабија соопшти дека денеска била извршена егзекуција на врвниот Шиитски свештеник под обвинение за тероризам."Саудиската влада ги поддржува терористите и радикалните сунитски екстремистите, додега ги задушува критичарите во внатрешноста на земјата рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Хосеин Џабер Ансари

Нимр Ал Нимр, беше меѓу 47те лица што денеска беа погубени во Саудиска Арабија, соопшти Министерството за внатрешни работи на кралството. Ал Нимр беше централна фигура во шиитските протести што избија во 2011 година, како дел од Арапската пролет.Иран, претходно предупреди дека егзекутирањето на свештеникот ќе ја чини скапо Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG