Достапни линкови

logo-print

Минусни температури во Македонија, од утре снег и дожд


Во сите региони во Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено е во Битола и во Берово каде се измерени - 10 степени по што следуваат Струмица, Лазарополе, Тетово, Прилеп и Скопје со -8, Демир Капја, Куманово и Крива Паланка -7, Дебар, Гевгелија, Маврово, Штип, Дојран и Крушево со -6, Охрид -5 и Претор -2 степена.

Од утре, Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.

Според Управата за хидрометеролошки работи, врнежи од снег ќе има уште утре кои локално ќе бидат обилни и ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови.

XS
SM
MD
LG