Достапни линкови

logo-print

Жителите на Крим ќе се соочат со недостаток на струја


Жителите на Крим ќе се соочат уште неколку месеци со недостаток на електрична енергија бидејќи Русија изгледа ќе стави крај на договорот со Украина за испорака на електрична енергија.Портпаролот на Кремаљ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин кажал дека нема да го обнови договорот, кој истече на денот на Нова Година, се додека Киев продолжува да инсистира дека полуостровот припаѓа на Украина. Крим беше отсечен од испораката на енергија од Русија на полноќ на 31 ви декември, кога договорот истече. Ако Киев се согласи да се откаже од своето барање за определување клаузула Крим да биде дел од Украина, тогаш Русија ќе биде повеќе заинтересирана да го обнови договорот,изјави портпаролот на Кремаљ.

XS
SM
MD
LG