Достапни линкови

logo-print

Русија ќе ја тужи Украина


Русија ќе ја тужи Украина затоа што не го вратила долгот кон Москва во вредност од 3 милијарди долари. Руското министерство за финансии соопшти дека денеска е покрената судска постапка затоа што Украина не ги сервисирала надворешните државни заеми за кои грејс перидот истече на 31 декември 2015 година. Со тоа Украина се наоѓа во состојба на банкрот, се вели во соопштението на руското министерство.

Украинскиот премиер пред две недели изјави дека е ставен „мораториум“ на исплаќањето на сите долгови кон Русија. Тој тогаш не прецизираше кога Украина ќе биде спремна да го врати долгот кој според договореното истекува во декември.

Долгот потекнува од 2013 година кога Русија и позајми на Украина со потпис на поранешниот претседател Виктор Јанукович, пред почетокот на протестите кои подоцна доведоа до негово симнување од власт.

XS
SM
MD
LG