Достапни линкови

Минхен стравува од терористички напади


Утрово повторно се отворени две железнички станици во Минхен, откако синоќа на час и половина пред Нова Година, беа затворени поради стравување од терористички напади. Главната железничка станица во Минхен беше затворена откако полицијата почна со прогон на седуммина осомничени за терористички напади. Главната станица и околината беа евакуирани на 90 минути пред полноќ, а влезовите беа блокирани со вооружени полицајци. Началникот на полицијата во Минхен Хуберт Андра изјави дека германските власти добиле информација од странска разузнавачка служба дека припадници на ИС планираат напади во градот со пет до седум бомбаши самоубијци. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека 550 полицајци трагаат по осомничените. Полицијата апелира жителите на Минхен да бидат внимателни.

XS
SM
MD
LG