Достапни линкови

Украинците дебатираат кога да го слават Божиќ


Во Украина е актуелна дебатата кога да се слави Божиќ, дали на 25-ти декември како што тоа го прави Западна Европа, или како досега на 7-ми јануари според православната христијанска традиција.Ваквата дебата го рефлектира затегнувањето на таканаречената војна меѓу истокот и западот околу идентитетот која настана по сепаратистичката војна поддржана од Русија во 2014 година.

До претседателот на Украина се доставени две иницијативи од активисти кои бараат 25 декември да се прогласи за официјален празник. Доколку соберат доволно потписи претседателот Петро Порошенко ќе биде обврзан да го разгледа барањето, а конечниот збор ќе го има парламентот.

Шефот на украинскиот Совет за безбедност Олександар Турчунов го поддржува ваквиот предлог, затоа што, како што вели, тоа ќе и овозможи на Украина да се усогласи со „ повеќето цивилизирани земји“. Тој предлага преоден период во кој граѓаните ќе може да го прославуваат Божиќ на двата датуми.

XS
SM
MD
LG