Достапни линкови

logo-print

Минусни температури го првиот ден од годината


Берово е најстудениот град на првиот ден од новата година. УХМР измери - 18 степени во Берово и- 14 во Скопје и Маврово. Во земјава преовладува сончево и многу студено време со слаб ветер од северен правец. Денеска ќе биде сончево и студено, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од -4 до 6 степени.

Скопје сончево и студено со слаб ветер од променлив правец. Највисоката температура ќе достигне до 2 степена.Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.

XS
SM
MD
LG