Достапни линкови

Над милион бегалци во Европа годинава


Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации соопшти дека годинава над милион мигранти преку море стигнале во Европа. Тоа е скоро пет пати повеќе отколку во претходната година. Половина од мигрантите се од Сирија, по што следуваат оние од Авганистан. Најмногу од нив стигнале во Европа преку Егејско море, односно од Турција во Грција. Се верува дека скоро 4 илјади мигранти се удавиле.

XS
SM
MD
LG